Достапни линкови

logo-print

Крвав ден во Ирак - повеќе од 100 загинати


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во вчерашната серија напади во Ирак. Нападите се совпаѓаат со пресудата за смртна казна на заменик претседателот во бегство Тарек ал Хашеми, но аналитичарите велат дека е малку веројатно тие да се поврзани. Во неделата имаше напади во 13 градови во Ирак, вклучувајќи го и Багдад.

Попладнето судот го осуди на смртна казна со бесење Хашеми, кој е долгогодишен непријател на шиитскиот премиер Нури ал-Малики. Хашеми избега во Турција откако шиитската влада го обвини за неговата улога во 150 бомбашки напади, убиства и други напади во периодот од 2005 до 2011. Хашеми ги отфрли обвиненијата и ја обвини Владата дека го користи судот да се справи со сунитските противници.
XS
SM
MD
LG