Достапни линкови

Авганистан го презема затворот Баграм од американските сили


Затворот Баграм.

Затворот Баграм.

Авганистанските сили денеска треба од Американците да ја преземат целосната контрола на контроверзниот затвор Баграм. Авганистан и САД во март потпишаа договор според кој во рок од шест месеци требаше да се направи пренос на контролата на затвор, кој се наоѓа северно од Кабул. САД се соочуваат со обвинувања дека таму затворениците биле измачувани и убивани. Затворот Баграм се наоѓа во состав на воздухопловната база Баграм, најголема американска воена база во земјата. Меѓу другите, таму се сместени озлогласени терористи и припадници на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG