Достапни линкови

Жестоки борби ширум Сирија


Дамаск.

Дамаск.

Ширум Сирија денеска се водат жестоки борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците, а во некои подрачја војската употребила и авијација, соопштуваат од сириската Опсерваторија за човекови права. Во денешните напади загинале 21 човек, од кои 13 цивили и 4 бунтовници, како и четири други луѓе за кои не се знае дали се цивили или војници, соопштуваат од Опсерваторијата. Борби се водат во Дамаск, Алепо, Сукарија, Сахури и во Ханано.
Според податоците на Опсерваторијата, од почетокот на судирите до сега, загинале 27.379 луѓе од кои повеќе од 70 проценти се цивили. Војската претходно соопшти дека загинале повеќе од 8.000 војници.
XS
SM
MD
LG