Достапни линкови

Тиквеш -лозарите немаат причина за штрајк


Генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“ Игор Илиевски рече дека нивните партнери лозари немаат причина да штрајкуваат.
Според него, доказ за тоа бил фактот што кај нив откупот на грозје течел нормално. Илиевски истакна дека нема да навлегува во „игрите“ на поединци.
„Со нашите долгогодишни партнери имаме и посебни услови за соработка што подразбира дополнителни премии за квалитет како и премии за берење во гајба. Тоа се количини кои се под наш мониторинг целата година и таму цените можат да достигнат и преку 20 денари“, рече Илиевски.

Претходно пред Тиквеш се одржа предупредувачки протест организиран од регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија.

Претседателот на сојузот Љупчо Аризанов изјави дека поводот за протестот била откупната политика на Тиквеш со која, како што вели, бил пљачкосуван народот.
XS
SM
MD
LG