Достапни линкови

logo-print

Димовски-Разликите во владејачката коалиција се уште актуелни


Разликите кои што постојат по однос на одрeдени политички прашања и понатаму се актуелни, но институциите функционираат во полна смисла, изјави Илија Димовски од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги односите со коалицискиот партнер ДУИ, Тој рече дека низ разговори ќе се види како во следниот период ќе се развиваат работите и дека контактите постојат.
Запрашан дали имало средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Димовски рече дека не располага со таква информација и не може да потврди кога таква средба би се случила.
Во врска со блокирањето на донесувањето на законот за бранителите од страна на ДУИ во Парламентот, Димовски рече дека носењето на законот не е блокирано.
„Тие користат со Деловник овозможени права во расправата. Ние и понатаму остануваме на ставот дека тој закон е позитивен и дека македонскиот Парламент треба да го донесе, изјави Димовски, отфрлајќи можност за повлекување на законот што го предложи ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG