Достапни линкови

Тројката ја притиска Атина да заврши со новиот план за штедење


Меѓународните кредитори на Грција се во Атина во обид да ја притиснат да заврши со новиот план за штедење. Ревизорите од т.н. тројка, односно од ЕУ, ММФ и Европската централна банка се во Грција од петокот за да се утврди дали владата има направено доволно за да може да обезбедат нова транша од помошта.

Тие треба да ги погледнат предлозите на грчката страна заедно со министерот за финансии Јанис Стурнарас на денешниот состанокот, а утре треба да се состанат со премиерот Андонис Самарас.

Атина треба да ја финализира новата програмата за штедење во следните неколку дена, со кои треба да скрати 11, 5 милијарди евра во следните две години. Меѓутоа, Грција се залага за „простор за дишење“, тврдејќи дека кастрењето на трошоците е премногу брзо и може уште повеќе да ја ослабне економијата.
XS
SM
MD
LG