Достапни линкови

logo-print

Пожари во дебарско и велешко


Пожар во месноста Гроот во Велес.

Пожар во месноста Гроот во Велес.

Пожарот кој веќе неколку дена е активен и зафати голема површина на планината Крчин на албанска страна, се прошири и на македонска страна, во атарот на селото Бањиште кај Дебар. Во моментов горат стрништа и сува треба, но постои опасност да зафатат и шумска површина.

Во спречување на понатамошното проширување веќе се вклучени пожарникари и вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Дебар.

Нов шумски пожар избувна и меѓу велешките села Бузалково и С'лп. Запалена е деградирана борова шума.

Синоќа цела ноќ беше активен големиот пожар на ридот Гроот, кој се издига над Велес, а кој избувна вчера во 13 часот.

„Пожарот целосно е локализиран, а потоа и изгаснат дури утрово, меѓу 7:30 и 8 часот, изјави Љупчо Лепидовски командир на Проитпожарната единица од Велес.
XS
SM
MD
LG