Достапни линкови

Јато птици одложиле два лета од Александар Велики


Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Вчера попладне авион на авиокомпанијата „Визер“ кој летал од Лондон кон Скопје, на при слетување на аеродром Александар Велики- Скопје удрил во јато птици. Истиот авион требало од Скопје да полета пак за Лондон, но од безбедносни причини капетанот го одложил полетувањето се додека не дојде авиомеханичар да изврши преглед и да даде одобрение за полетување.

Истиот ден, авион на авиокомпанијата „ЏЛ Аирлајнс“ кој полетал за Дизелдорф при полетување од Александар Велики исто така удрил во јато птици, и по поминат одреден период во воздух, капетанот на авионот одлучил да се врати на аеродром. И овој авион чекал авиомеханичар да изврши преглед и да даде одобрение за полетување.

Патниците од двата авиона неколку часови чекале да полетаат за Лондон и Дизелдорф. Авионите полетале од Александар Велики пред полноќ.
XS
SM
MD
LG