Достапни линкови

Лозарите штрајкуваа пред Тиквеш


Предупредувачки протест се одржа денеска пред винарската визба Тиквеш од Кавадарци, организиран од регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија.

Претседателот на сојузот Љупчо Аризанов изјави дека поводот за протестот била откупната политика на Тиквеш со која, како што вели, бил пљачкосуван народот.

„Еве една откупна белешка на која за 22 шеќерни единици вранец лозарот ќе добие 8 денари, а Министерството за земјоделство препорача вранецот да не биде под 12 денари. Сметам дека оваа политика, која моментално ја води Тиквеш е погубна.“

Лозарите пред винаријата најавија штрајкови и блокади во најскоро време доколку не се почитуваат договорените цени, а се заканија и дека нема да дозволат зрно грозје да влезе во Тиквеш.
XS
SM
MD
LG