Достапни линкови

logo-print

За Путин оние кои не го следат се „слабаци“


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги спореди демонстранти кои протестираа против неговото враќање на претседателската функција со младите жерави кои тој пред некој ден ги учеше да летаат. Путин, говорејќи на затворањето на самитот на АПЕК во Владивосток, рече дека, демонстрантите како и некои од младите жерави одбиле да го следат. Тој рече дека оние кои не го следат се „слабаци“. Се разбира, постојат некои птици кои не сакаат да летаат во јато и претпочитаат да се гнездат поединечно, рече Путин, додавајќи дека иако не се дел од јатото, се уште се дел од населението и треба да се третираат со внимание.
XS
SM
MD
LG