Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Ирак, 50 жртви


Се зголемува бројот на жртви од нападите низ цел Ирак. Најмалку 50 луѓе се убиени, а голем број се повредени во најмалку 10 одделни бунтовнички напади.

Напаѓачи и еден бомбаш-самоубиец убиле 11 ирачки војници, а повредиле осум во воената база во Дуџаил, северно од Багдад. Седум полициски регрути загинале, а 17се повредени во напад на нафтена компанија во Киркук. Два автомобили експлодирале во близина на францускиот конзулат во Насирија, при што загинале две лица, а четири се повредени. Ирачки официјален претставник изјави дека конзулатот не бил цел на нападот. Еден полицаец и еден минувач загинале од експлозија на бомба во Багдад. Три лица загинале, а 24 повредени во Басра, додека во експлозија на автомобил-бомба на пазар во Туз Кормато, во близина на Киркук, загинале четири луѓе, а 40 се повредени.
XS
SM
MD
LG