Достапни линкови

Германија- 80 полицајци повредени на курдски фестивал


Илустрација.

Илустрација.

Околу 80 полицајци се повредени на курдскиот културен фестивал во германскиот град Манхајм доцна во саботата. Полицијата привела 31 човек кои учествувале во нападите. Кон полицајците било фрлано со камења и шишиња, a полицијата возврати со солзавец, соопштија властите.

Организаторите на фестивалот повикале полиција да помогне во справувањето со еден тинејџер кој се обидел да влезе на фестивалот со забрането знаме. Во насилството се оштетени тринаесет полициски возила.

На фестивалот присуствувале околу 40 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG