Достапни линкови

logo-print

Бунтовници од ПКК грабнале тројца селски пазачи во источна Турција


Бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) грабнале тројца селски пазачи во округот Битлис, во источна Турција.
Еден цивил бил ранет во престрелка во реонот на грабнувањето, соопшти канцеларијата на валијата на Битлис, цитирана од турскиот телевизиски канал Си Ен Ен-Турк.
Курдските сепаратисти ги грабнале селските пазачи (локални жители вооружени од државата, кои им помагаат на армијата и полицијата во борбата со ПКК), откако го запреле нивниот автомобил. Бунтовниците отвориле оган врз возилото, кое патувало во реонот во истото време кога бил ранет и цивилот.
Во последно време курдските бунтовници зачестија со изведување грабнувања. ПКК во последните месеци ги засили своите активности против турските сили за безбедност.
Турција ги обвинува Сирија и Иран дека ги поддржуваат курдските сепаратисти.
XS
SM
MD
LG