Достапни линкови

Заврши самитот на АПЕК во Владивосток


Лидерите на земјите членки за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) по нивниот дводневен самит во Владивосток, заклучија дека треба да се зајакне економскиот раст и либерализација на трговијата, со цел да се спротивстават на слабостите предизвикана од европската должничка криза.

Лидерите на 21 земја челнка на АПЕК исто така се согласија да не се вклучат во протекционистички мерки за одговор на сушите во Русија и во САД, кои би можеле да влијаат глобалната цена на храна. Земјите челнки на АПЕК сочинуваат 40 отсто од населението во светот, 54 отсто од глобалното економско производство и 44 отсто од светската трговија. Самитот на АПЕК следната година ќе се одржи во Бали, Индонезија.
XS
SM
MD
LG