Достапни линкови

Во серија бомбашки напади во Ирак 19 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 19 луѓе се убиени, а голем број се повредени во девет бомбашки напади кои се случиле денеска низ Ирак. При експлозија на бомба пред францускиот конзулат во Насирија загинал еден човек, а најмалку уште еден е повреден. Во текот на ноќта, напаѓачи и еден бомбаш-самоубиец убиле 11 војници, а повредиле осум во воената база во Дуџаил, северно од Багдад. Во друга база надвор од градот Киркук, седум полициски регрути загинаа во експлозија.
XS
SM
MD
LG