Достапни линкови

САД и Русија имаат длабоки разлики за Сирија


Aмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Aмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон.

САД и Русија имаат длабоки разлики околу тоа како да се справат со тековната криза во Сирија, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Таа имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на АПЕК во Владивосток.

Путин разговорите со Клинтон ги опиша како „многу конструктивни.“ Клинтон, пак, рече дека тие ќе продолжат со притисокот кон Русија, за да таа го засили притисокот врз Сирија. Клинтон рече дека САД и нивните сојузници ќе ја зголемат својата поддршка за сириската опозиција ако Русија не застане на страната на меѓународниот притисок врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со Клинтон во саботата рече дека Русија се противи на нови санкции кон Сирија и Иран.
XS
SM
MD
LG