Достапни линкови

Демонстрациите во Солун се претворија во судир со полицијата


Над 12 илјади луѓе синоќа излегоа на улиците на Солун на протести против новите мерки за штедење, барани од Грција од страна на ЕУ и ММФ, пренесоа медиумите.
На крајот од протестите околу 1.000 демонстранти се судриле со полицијата.
Демонстрантите фрлале со најразлични предмети кон полицијата, на што таа возвратила со солзавец и флеш гранати, пред да ги нападнат и растераат.

Протестите, по традиција, секоја година се организираат во Солун по повод отворањето на меѓународниот саем. Минатата година во ваквите демонстрации, учествуваа рекордни 25 илјади луѓе.
Годинава демонстранти се поделија на четири групи. Првата на големите синдикати, втората на радикалната левица Сириза, третата на синдикалниот комунистички фронт и четвртата на независните синдикати и на крајната десница.
Демонстрациите во Солун беа обезбедувани од 3.500 полицајци.
XS
SM
MD
LG