Достапни линкови

logo-print

Иванов побара одговорност и сплотување околу националните интереси


„Каква Македонија ќе создадеме, таква ќе ја имаме. Наша обврска е да го подготвуваме македонското општество за сè она што нè очекува. Тоа е наша одговорност. Одговорност од секој поединец, без разлика на неговата етничка, религиозна или која било припадност. Секој има свој влог и одговорност во реализацијата на стратешките цели. На тој пат, нема место за изговори и избегнување на обврските и одговорностите“, рече претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод 8 Септември - Ден на независноста на Република Македонија.

Претседателот побара одговорност од политичките партии од власта и од опозицијата и сплотување околу националните интереси.

„Да ја создаваме Македонија како слободна и демократска земја. Држава која се грижи за интересите на своите граѓани, која ги остварува европските вредности, стандарди и принципи во секојдневниот живот и која одговорно ги исполнува своите меѓународно преземени обврски“, рече претседателот.
XS
SM
MD
LG