Достапни линкови

logo-print

Пакистан-ослободена девојката обвинета за богохулење


Куќата на Римша Малиш.

Куќата на Римша Малиш.

Четиринаесет годишното девојче кое во Пакистан беше обвинето за богохулење, денеска е ослободена со кауција, откако помина повеќе од три недели во затвор. Случајот предизвика меѓународна осуда. Римша Малиш, која е христијанка, беше уапсена на 16 август, откако еден муслимански имам ја обвини дека запалила страници од Куранот, а за тој криминал таа може да биде казнета со смртна казна или доживотен затвор. Случајот против девојчето добива разрешница, бидејќи се воспостави дека имамот лажно ја обвинил, по што тој заврши во затвор. Имамот е обвинет дека и подметнал страница од запален куран во торбата на девојчето, за да ги протера христијаните од областа во која живееле. Девојката денеска е пуштена со кауција од 10.500 долари.
XS
SM
MD
LG