Достапни линкови

Груевски-европска криза не погодува, но и ни дава шанса


Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.

Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.

Кризата и рецесијата во Европа ни се проблем, но истовремено и шанса да привлечеме нови компании. Некои од нив доаѓаат кај нас зашто и во нивната земја ситуацијата е лоша. Македонија има привлечни даноци и најниски трошоци за отворање бизнис во Европа. Ниту една друга земја нема пониски трошоци. Бруто домашниот производ е околу 28 до 29 отсто, буџетскиот дефицит од 2,5 отсто е мал, а валутата е стабилна, рече премиерот Никола Груевски во интервјуто за економскиот магазин на Си-Ен-ЕН.
Интервјуто е снимено за време на престојот во САД каде пред американски компании Премиерот заедно со владиниот тим ги презентираше можностите за инвестирање на Македонија.

Во однос на прашањето за невработеноста, Груевски вели дека постојано се прават обиди за нејзино намалување, но и се преземаат дополнителни мерки за подобрување на ситуацијата.
XS
SM
MD
LG