Достапни линкови

Оливера Наковска Бикова со својот златен медал пристигна во Македонија


Оливера Наковска-Бикова со својот златен медал пристигна од Лондон, каде учествуваше на Параолимписките спортски игри.

Таа во дисциплината „10 метри воздушен пиштол“ постигна светски рекорд и освои златен медал.

На аеродромот Александар Велики, ја пречека и битолскиот градоначалник Владимир Талески кој најави посебен прием за славеничката со големо одличје и во нејзиниот роден град.

„Златниот олимписки медал е најубавата празнична честитка. Горд сум со постигнатиот успех“, посочи Талески.
XS
SM
MD
LG