Достапни линкови

Египетската војска убила 32 луѓе во Синај


Египетската војска убила 32-ца луѓе за кои вели дека се „криминални елементи“ во големата операција која во последниот месец ја спроведуваат на Синајскиот полуостров. Египет покрена голема безбедносна операција на Синај по нападот на 5 август кога беа убиени 16 граничари на границата меѓу Египет и Израел. За време на операцијата се уапсени 38 луѓе, меѓу кои има и странци соопштуваат од Армијата. Од војската велат дека операцијата ќе продолжи се дури не се постигнат целите, кои не се само воени, туку и развојни, бидејќи Синај е една од најсиромашните области во Египет.
XS
SM
MD
LG