Достапни линкови

logo-print

Турската полиција спречи терористички напад во Анталија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Турската полиција спречи терористички напад во близина на Анталија, во јужна Турција, соопштија турските медиуми.

Полицијата го привела осомничениот терорист од Курдската работничка партија (ПКК) и запленила 30 килограми пластични експлозиви, оружје и муниција, во близина на градот Алања, во округот Анталија.

Операцијата на полицијата била спроведена по добиена информација при распит на членот на ПКК кој пред извесно време бил приведен заради неговото учество во бомбашкиот напад врз автобус, што превезуваше турски војници кон командата на военопоморската база во Фоча, во округот Измир, во западна Турција. Во атентатот беше убиен еден војник, а единаесет војници беа ранети.
XS
SM
MD
LG