Достапни линкови

logo-print

Рикер од понеделник во посета на Косово


Заменик помошникот американски државен секретар, Филип Рикер во понеделник ќе ја започне посетата на Косово. Предвидено е тој да се сретне со највисоките косовски власти. Од Амбасадата на САД во Косово, соопштија дека Рикер ќе се состане со претседателката на Косово Атифете Јахајга и со премиерот Хашим Тачи. Иако од Амбасадата не е потврдено, но се очекува Рикер да присуствува на состанокот на Меѓународната управувачка група за Косово, на која се очекува одлука за ставање крај на надгледуваната независност на Косово.
XS
SM
MD
LG