Достапни линкови

logo-print

Лавров - Санкциите против Иран и Сирија им штетат на руските бизниси


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Aмериканските санкции против Иран и Сирија им штетат на руските бизнис интереси, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој вели дека од тоа особено се погодени руските банки. Тој исто така додаде дека санкциите кон сириската влада за да се запре крвопролевањето нема да вродат со плод.

Лавров ова го изјави денеска по средбата со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Владивосток, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичка економска соработка.

Иран е под санкции од западните сили и од Израел поради неговата контроверзна нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG