Достапни линкови

Канада ја затвори амбасадата во Иран


Торонто

Торонто

Канадското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ја затвори амбасадата во Техеран и оти иранските дипломати во Канада ги прогласи за непожелни лица. Потегот бил преземен, бидејќи, како што се наведува, иранскиот режим продолжува воено да го помага режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад и оти Техеран одбива да ги почитува резолуциите на Обединетите нации во врска со нуклеарната програма. Иранските дипломати треба во рок од пет дена да ја напуштат Канада.
XS
SM
MD
LG