Достапни линкови

Претседателот Иванов демантира дека во Брисел имал средба со бугарскиот колега


Средба на претседателот Ѓорге Иванов и Херман Ван Ромпуј претседател на Советот на Европската Унија. Брисел 05.09.2012.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов и Херман Ван Ромпуј претседател на Советот на Европската Унија. Брисел 05.09.2012.

„Македонија сака добри односи со Бугарија и се залага за надминување на разликите преку отворен дијалог. Претседателот Ѓорге Иванов првпат слуша за иницијативата што ја спомнал бугарскиот претседател Росен Плевнелиев за споменик на бугарскиот писател Димитар Талев во Прилеп“, велат од кабинетот на претседателот Иванов во врска со последните изјави на неговиот бугарски колега за македонско бугарските односи. За наводите во бугарските медиуми дека Иванов се сретнал со Плевнелиев пред неколку дена во Брисел, од кабинетот посочуваат дека во Брисел немало средба на двајцата претседатели. Последната нивна средба, како што се додава, била пред два месеца во Белград, на маргините на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG