Достапни линкови

Спасени 36 нелегални имигранти во морето во близина на Чанаккале


Турското крајбрежно обезбедување спаси 36 илегални имигранти од потонат гумен чамец во морето во близина на Чанаккале, во северозападниот дел на Турција. Државјани на Јужна Африка и Иран, имале намера да стигнат до блискиот грчки остров. Поради дефект на мотрот во текот на ноќта, имигрантите останале на две милји од брегот, при што чамецот започнал да се полни со вода. Многу брзо по инцидентот екипи на крајбрежното обезбедување го забележале чамецот што тоне и успеале да ги спасат сите 36 луѓе, меѓу кои имало едно дете и три жени.
XS
SM
MD
LG