Достапни линкови

logo-print

Муса Џафери: Албанците ќе бараат нов устав


Муса Џафери

Муса Џафери

Муса Џафери, вицепремиер и близок човек на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во синоќешното интервју за Алсат М изјави дека ако се донесе законот за бранителите со гласовите на македонските пратеници тогаш Албанците ќе бараат нов устав на Македонија. „Ако се донесе законот за бранители кој би бил моноетнички тоа ќе биде најлошиот тест и истовремено најголемиот предизвик за Охридскиот рамковен договор, што значи ќе се отворат многу теми како на пример актуелниот устав на државата, односно Албанците ќе бараат нов Устав. И се тоа ќе отвори уште потешки теми, изјави Џафери за ТВ Алсат.
XS
SM
MD
LG