Достапни линкови

Македонските производи може да бидат конкурентни на странските пазари, но треба да има стратегија за нивен пласман, велат познавачите.

Македонскиот производ може да биде конкурентен на светските пазари, но проблемот е во стратегијата за негов пласман, велат бизнисмените и експертите. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, извозот на стоки во периодот од јануари до јули изнесува речиси 2 милиони и 300 илјади долари. Најмногу се извезуваат благородни метали и нивни соединенија, како фероникелот, преработки од нафта, производи од железо, челик и облека.
Сметам дека е конкурентен и за американскиот пазар, и за канадскиот и за европскиот, така што, што се однесува до квалитет, нема дискусија дека е конкурентен и дека е баран. Друго прашање е дали во моментов Македонија има количини за такви сериозни извози.

Сопственикот на млекарницата Здравје Радово Јован Дабевски вели дека над 25 насто од нивното производство оди за извоз и нивниот производ е препознатлив по квалитетот.

„Сметам дека е конкурентен и за американскиот пазар, и за канадскиот и за европскиот, така што, што се однесува до квалитет, нема дискусија дека е конкурентен и дека е баран. Друго прашање е дали во моментов Македонија има количини за такви сериозни извози. Тука мислам дека нема и треба многу да се поработи, инаку производот е конкурентен.“

Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека сè што се произведува за извоз треба да се продаде, бидејќи нашето стопанство е мало во однос на другите земји.
Обично се смета дека ако една мала економија нема можност или не успева да има голем извозен сектор дека тоа е некој недостиг на факторите кои влијаат на конкурентноста, или нема иновативност или нема квалитет или нема конкуренција или нема доволна отвореност.

„Обично се смета дека ако една мала економија нема можност или не успева да има голем извозен сектор дека тоа е некој недостиг на факторите кои влијаат на конкурентноста, или нема иновативност или нема квалитет или нема конкуренција или нема доволна отвореност и слично.“

Според Дабевски, компаниите за да успеат на другите пазари треба да имаат целна група, бидејќи македонските производи може да се продадат и може лесно да се најде купувач.

„Значи, ние имаме јасна слика дека прво треба да го освоиме регионот, па понатаму чекор кон ЕУ, па пошироко кон светските пазари. Значи, ако произведувате количини премали за регионот, нема смисла да се прескокнуваат, таква е мојата визија, одредени пазари и да се оди директно на американскиот или на некој подалечен пазар, туку чекор по чекор треба да се освојуваат тие пазари. Проблемот со Македонија и со млечните производи од Македонија не е што не може да се извезуваат.“

Македонија најмногу извезува во ЕУ и Западен Балкан, а најмногу тргуваме со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG