Достапни линкови

Косовo - Меѓународната цивилна канцеларија се затвора


Парламентот на Косово

Парламентот на Косово

Косово днееска го промени Уставот, со цел да овозможи затворање на Меѓународната цивилна канцеларија, орган кој е формиран по отцепувањето од Србија во 2008 година. Меѓународната цивилна канцеларија официјално ќе биде затворена во понеделник, 10 септември, чекор што од западните земји беше наречен крај на периодот на надгледувана независност на земјата.
Парламентот во Приштина усвои амандмани на Уставот, со кои се бришат текстовите за Меѓународната цивилна канцеларија.
Меѓународната цивилна канцеларија беше формирана, првенствено од земји кои го признаа Косово. Таа доби овластувања да отпушта владини службеници и да отфрла закони со цел да гарантира дека албанското мнозинство ги штити правата на српското малцинство.
Повеќе од 90 земји, меѓу кои САД и 22 земји од Европската унија, го признаа Косово за суверена држава.
XS
SM
MD
LG