Достапни линкови

Плевнелиев до Иванов - Македонија да не ја искривува историјата


Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев на Самитот на НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев на Самитот на НАТО

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјавил дека Бугарија никогаш нема да направи компромис со својата историја, ниту пак, со историските факти за регионот, а тоа му го пренел и на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, тоа го изјавил вчера во Пловдив на одбележувањето 127 години од обединувањето на Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија се обидува да ја присвои бугарската историја.
"Посочив дека манипулација на историјата и идеологизирањето и замената на историските факти не помогнало на никого на Балканот", додал Плевнелиев.
XS
SM
MD
LG