Достапни линкови

Македонија и Косово да ја интензивираат економската соработка


Ваљон Сарачини

Ваљон Сарачини

Интензивирање на соработката во енергетскиот сектор, туризмот и транспортот меѓу Косово и Македонија, како и активности за зголемување на трговската размена, најавија денеска во Скопје македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини и неговиот косовски колега Бесим Беќај.
Заедничка оценка на министрите е дека покрај добрите политички и пријателски односи неопходно е натамошно интензивирање на економската соработка кај која, укажаа, има голем потенцијал.
Фокусот на работата на втората седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу владите на Македонија и на Косово, што заседава во Скопје, е ставен на секторите енергетика, експлоатацијата на минераланите суровини, туризмот и транспортот, каде, посочи Сарачини, реално и двете земји имаат проблеми.
XS
SM
MD
LG