Достапни линкови

logo-print

Рикер: Наредните недели критични за Албанија


Филип Рикер

Филип Рикер

Заменик помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер, кој се наоѓа во посета на Албанија, по средбата со премиерот Сали Бериша, изјави дека неговата земја од блиску ќе ги следи случувањата во земјата во наредната изборна година во Албанија. Според него, Вашингтон наредните недели ги смета за критични, но и решавачки за Албанија во исполнувањето на препораките на ЕУ. Рикер ги повика политичките опоненти да ги надминат теснопартиските интереси, додавајќи дека Вашингтон останува посветен на натамошната демократизација на регионот и неговата евроатланска интеграција.
XS
SM
MD
LG