Достапни линкови

logo-print

Убиени најмалку 18 курдски бунтовници и еден турски војник


Најмалку 18 бунтовници од Курдската работничка партија и еден турски војник загинале од средата досега во офанзива на турската армија во југоисточниот дел од државата. Агенцијата Анадолија јави дека операциите на турската армија во регионот продолжуваат по терористичките напади врз воени пунктови во кои на втори овој месец беа убиени 10 турски војници. Турција ги обвинува Сирија и Иран дека ги поддржуваат курдските сепаратисти.
XS
SM
MD
LG