Достапни линкови

Самит на АПЕК во Владивосток


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Владивосток го отвори самитот на земјите од Азиско пацифичката економска соработка при што предупреди на, како што изјави, економскиот протекционизам. Главни теми на самитот се економската интеграција, валутната политика и инфраструктурата во регионот. На собирот учествуваат и кинескиот претседател Ху Џинтао, јапонскиот премиер Јошихиро Нода, американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Земјите на АПЕК чинат 40 насто од светската популација.
XS
SM
MD
LG