Достапни линкови

Во дувлото во кое живееме јасно се гледа човечкиот дефицит


Игор Смилев, активист за заштита на животната средина.

Игор Смилев, активист за заштита на животната средина.

Да се одрекнеш од слободата, значи да се одрекнеш од својството на човечност во себе, пишува Игор Смилев.

Се сеќавам на една прекрасна приказна од моето детство преполно со помалку или повеќе вистинити приказни, но оваа знае толку сигурно да го разбуди детето во мене и да ги премости и пополни сите празнини кои во меѓувреме ги оставија луѓето околу мене.
Сине, откако ќе го видиш градот и луѓето во него, никогаш повеќе ништо нема да биде исто во твојот живот...затоа земи го ова огледало и секогаш кога ќе видиш и кога ќе се најдеш во близина на човек, погледни во ова огледало за да го видиш неговиот вистински лик.

Нема поубава приказна од онаа што никнува од тагата и нема поубави соништа од оние што ги раѓа болката.

Оваа приказна е за болката, за тагата и за совршената љубов на еден беспорочен јогански учител и за неговиот ученик. Цели 18 години ученикот живеел во хармоничниот, беспорочен, духовен, чист, мирен и едноставен свет на својот учител. Свет без луѓе, без грев, без лажни ликови, без илузии, без маски и без лаги. Осуден и окован на безалтернативното совршенство, наполнувајќи 18 години, младиот јогански ученик решил да ја промени својата реалност и да го посети далечниот град за кој дотогаш слушал само преку приказните на својот учител. Учителот, секако го очекувал денот кога неговиот ученик ќе ги напушти мирот и духовноста, па се поклонил пред неговата желба и пред да замине му го дал последниот совет: „Сине, откако ќе го видиш градот и луѓето во него, никогаш повеќе ништо нема да биде исто во твојот живот... затоа земи го ова огледало и секогаш кога ќе видиш и кога ќе се најдеш во близина на човек, погледни во ова огледало за да го видиш неговиот вистински лик“. Заминал ученикот и дошол во градот. Отишол на пазар и се воодушевувал долго на мноштвото ликови... толку многу луѓе на толку мал простор никогаш дотогаш немал видено.
Секој вторник во неколку македонски градови од 18 часот една група луѓе се обидува да се одвои од дувлото и да протестира и да мисли слободно. Го брани човекот, неговото достоинство, и правото да живее согласно своите мисли. Секој вторник сум заедно со овие луѓе. Скапата струја го спои неспоивото меѓу нас, ги урна јазичните бариери, а во моето огледало, во вторник, освен човек, ништо друго не можам да видам.

Секој од тие луѓе се трудеше да му продаде нешто или се трудеа да купат поголем дел од неговата очигледна наивност и невиност Но, никој од нив не знаеше за тајното и единствено оружје кое нашиот јунак го носеше со себе. Па нормално, соочен со предизвикот наречен човек, тој започнал да ја мери вистинската употребна вредност на своето огледало.

Кај еден од продавачите го ставил огледалото пред неговиот лик – и видел ВОЛК, продолжил понатаму и видел ЛИСИЦА во ликот на еден негов врсник. Кај некој политичар кој ја забавувал публиката не ни претпоставувал дека ќе види само еден обичен ПЕТЕЛ.

Рака на срце, нашиот млад ученик видел и по некој зајак со срце заглавено во петици од страв, како речиси и незабележително чука, чекајќи хиените да си заминат. Насекаде гледал само ѕверови и животни онаму каде што нормално требало да има луѓе.

Се вратил после неколку дена назад во доброволен егзил кај својот учител и повторно се врзал во прангите на мирот, духовноста, чистата и беспорочна љубов на својот јогански учител. Колку што мене ме држат сеќавањата за оваа приказна, ми се чини дека нашиот ученик се уште не пронашол алтернатива на својот мир и дека тој се уште ужива во ексклузивитетот на својот престој кај својот учител. Во дувлото во кое секој ден сите ние живееме, и без волшебното огледало и без

фенерот на Диоген јасно се гледа човечкиот дефицит, ама никој не го мери. Очигледно дека од луѓето, преживуваат само ѕверките.

Секој вторник во неколку македонски градови од 18 часот една група луѓе се обидува да се одвои од дувлото и да протестира и да мисли слободно. Го брани човекот, неговото достоинство, и правото да живее согласно своите мисли. Секој вторник сум заедно со овие луѓе. Скапата струја го спои неспоивото меѓу нас, ги урна јазичните бариери, а во моето огледало, во вторник, освен човек, ништо друго не можам да видам. Ние сме таму за сите оние кои не можат, не сакаат, не им дозволуваат, се плашат, немаат пари или чекаат некој друг да им ја сработи работата.

Ги повикувам во вторник да не пронајдат, да не се одрекнат од слободата во себе, да дојдат и да се борат за евтина струја оти животот ни стана прескап.

Да се одрекнеш од слободата, значи да се одрекнеш од својството на човечност во себе.

XS
SM
MD
LG