Достапни линкови

САД остануваат партнер и пријател на Македонија


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

„Соединетите држави се партнер и пријател на Македонија“. Ова, меѓу другото, се наведува во честитката на американскиот државен секретар Хилари Клинтон по повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија, упатена во име на претседателот Барак Обама и американскиот народ. „На овој посебен ден го потврдуваме партнерството меѓу нашите народи. Оваа годишнина не само што нуди можност за граѓаните на Македонија да погледнат назад во нивната заедничка историја и наследство, но исто така и напред кон иднината во која вашата земја е силна, просперитетна и разновидна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските структури. Соединетите држави остануваат посветени во помагањето на Македонија да ги зајакне своите мултиетнички и демократски институции. Во соработка со вашите лидери и граѓанското општество, ние ќе работиме со вас за подобрување на образованието, на промовирање на слободата на медиумите и владеењето на правото и зајакнување на демократските основи кои се од витално значење за енергично, инклузивно мултиетничко општество“, се наведува во честитката на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, по повод 21 годишнина од македонската независност во која посакува мир и просперитет на сите граѓани на земјата во наредната година.
XS
SM
MD
LG