Достапни линкови

Прекинати летовите на авиокомпанијата Луфтханза


Персоналот на авиокомпанијата Луфтхаза започнаа 24-часовен штрајк, поради што германскиот превозник откажа 1.200 летови кои требаше да се реализираат денеска и во текот на викендот. Штрајкот се одвива во шест главни аеродроми во Германија, вклучувајќи ги аеродромите во Франкфурт, Берлин и Минхен. Синдикатот бара 5-отсто зголемување на платите на кабинскиот екипаж и гаранции на работните места. Луфтханза нуди 3,5 отсто поттик и ветува благо зголемување на работните часови. Најновите штрајкови ќе блокираат далеку повеќе патници од трите поголеми прекини кои се случија минатта недела, откако преговорите беа прекинати.
XS
SM
MD
LG