Достапни линкови

logo-print

Генсекот на романската Социјалдемократска партија ќе биде судски гонет


Генералниот секретар на Социјалдемократската партија во Романија (дел од владечаката коалиција Социјал-либерална унија) Ливиу Драгна судски ќе се гони во врска со референдумот од 29 јули за отстранување на Трајан Басеску од претседателската функција, пренесе Аџерпрес.
Драгна бил повикана во Националната дирекција за борба со корупцијата за да биде информиран дека е обвинет заради можни злоупотреби на референдумот.
Самиот Драгна соопшти дека против него се покренати неколку обвиненија, а главното е дека дејствувал заедно со илјадници други луѓе во обезбедување на излезноста на референдумот од 50 проценти плус еден од сите романски избирачи.
XS
SM
MD
LG