Достапни линкови

Турција ги ревидираше економските очекувања за годинава


Турција веројатно нема да може да ја исполни целта за буџетски дефицит од 1,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на земјата оваа година со забавувањето на растот и намалувањето на приходите од даноци, но се осврна на корективни мерки вклучувајќи контрола на трошоците, изјави турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек.
Големиот економски пораст во последната деценија беше основата на успехот на турската владејачка Партија на правдата и развојот. Доходите по глава на жител трипати се зголемија од доаѓањето на оваа партија на власт кон крајот на 2002 година.
Но со забавувањето на растот буџетските рамнотежи се влошуваат.
Турција в понеделник ќе објави податоци за БДП-то во второто тромесечие
XS
SM
MD
LG