Достапни линкови

Членка на Фемен пребегна во Франција


Од украинската организација Фемен познати по нивните топлес протести потврдија дека нивната членка Ина Шевченко побегнала во Франција од страв да не ја уапсат. Шевченко во август одржаа јавен протест против судењето на членките на руската панк група „Пуси рајот“. Таа тогаш во центарот на Киев исече голем дрвен крст, по што украинските власти ја обвинија за „хулиганство“ и таа оттогаш живее во бегство. Станот во кој живеела Шевченко и основачката на Фемен Ана Густол, бил набљудуван од украинската служба за безбедност и од Фемен одлучиле да ја „евакуираат“ Шевченко од Украина.
XS
SM
MD
LG