Достапни линкови

Македонската шампионка тренира во прирачна сала


Спортската сала при Центарот за социјални работи во Битола.

Спортската сала при Центарот за социјални работи во Битола.

Македонската параолимписка шампионка Оливера Наковска Бикова во нејзината родна Битола тренира во спортската сала при Центарот за социјални работи во Битола која е наменска за сите лица со инвалидност.

Условите во кои вообичаено тренира македонската параолимписка шампионка Оливера Наковска Бикова во нејзината родна Битола не се на задоволително ниво. Македонската стрелачка којa на параолимпијадата во Лондон освои златен медал и постигна нов рекорд во стрелање со воздушен пиштол, дваесетина години тренира во сала што ја користат сите лице со инвалидитет во Битола. Опремата која ја користи во салата е застарена и потребно е да се обнови, предупредија од Здружението на телесни инвалиди од Битола.
Ова не се соодветни услови. Апсолутно оваа сала е прирачна, за ваков калибар на спортисти неопходно е потребно многу добро опремена сала. Ќе излезат и други спортисти после неа инспирирани од нејзиниот успех. Единствено треба да се подобрат условите, тоа е неопходно

„И на други места има подготовки за поголеми натпревари, меѓутоа најмногу време минува во спортската сала при Центарот за социјални работи во Битола која е наменска за сите лица со инвалидност. И сами гледате дека ова не се соодветни услови. Апсолутно оваа сала е прирачна, за ваков калибар на спортисти неопходно е потребно многу добро опремена сала. Ќе излезат и други спортисти после неа инспирирани од нејзиниот успех. Единствено треба да се подобрат условите, тоа е неопходно“, вели Нико Јанков, претседател на здружението.

Салата со години ја користи Здружението за телесни инвалиди од Битола. Освен промената на подот, подолг период не се направени други зафати и не е обновена со спортски реквизити. Институции и претпријатија ветувале дека ќе донираат средства за да се обезбедат подобри услови, но се останувало само на зборови, вели Јанков.

„Досега имаме добивано многу ветувања, меѓутоа сè уште нема реализација. Имавме и порано многу надежни спортисти. Постигнаа во овие минимални услови многу медали на овие наши натпреварувања на спорт и рекреација на инвалиди и на некои меѓународни. Но Оливера ги постигна највисоките успеси“, вели Јанков.

Поради ваквите услови, Оливера пред важни натпревари е приморана да вежба во други градови. Но, со нејзината скромност досега никогаш не се пожалила на условите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG