Достапни линкови

Потона брод во Егејско Море, 60 жртви


Илустрација.

Илустрација.

Шеесет луѓе, од кои 31 дете загинаа откако брод со над 100 илегални имигранти денеска потона во Егејско Море во близина на градот Мендерес, во турскиот округ Измир.
Претставник на локалните власти изјави дека 31 од загинатите се деца, од кои три бебиња. Тој наведе дека поголемиот број ид имигрантите се Палестинци.
Бродот потонал на околу еден километар оддалеченост од брегот.
Малиот рибарски брод со кој патувале повеќе од сто луѓе удрил во скали откако отпловил од турскиот брег. Над 40 луѓе, меѓу кои капетанот и неговиот помошник, се спасиле. Капетанот и неговиот помошник се уапсени под обвинение за илегална трговија со луѓе.
Имигрантите кои успеале да се спасат во најголем број се државјани на Сирија и на Ирак.
XS
SM
MD
LG