Достапни линкови

logo-print

ЕЦБ ќе купуваа обврзници од земјите погодени со криза


Европската централна банка најави дека ќе купува обврзници од земјите од еврозоната што се зафатени од кризата, како Италија и Шпанија, за да помогне во намалувањето на каматите по кои овие земји се задолжуваат и да ги олабави стравувањата од колапс на еврото. Програмата за купување државни обврзници на секундарниот пазар е наречена Непосредни монетарни трансакции. Претседателот на банката Марио Драги изјави дека програмата треба да помогне да се намали нарушувањето на владините пазари на обврзници. Тој рече дека нема поставено граница за тоа колку обврзници ќе купат и оти програмата е целосно ефективно прибежиште за да се избегнат деструктивните сценарија. Драги вели дека земјите кои сакаат Европската централна банка да ги купува нивните обврзници прво мора да побараат помош од Европските фондови за спас и да се согласат на „строга и ефективна“ буџетска политика за намалување на долгот.
XS
SM
MD
LG