Достапни линкови

Голем пожар над Велес


Илустрација.

Илустрација.

Голем пожар е регистран денеска над Велес во месноста Гроот на неколку километри од градот, кој е зафатен со густ чад.
Пожарот избувнал околу 14 часот, велат сопствениците на викенд куќи, а од огнената стихија веќе се опожарени неколку викендички и лозја. Интервенира Противпожарната единица од Велес, која е немоќна да се справи со пожарот поради силниот ветер, што непрекинато дува.
На помош на пожарникарите им дојдоа и вработени во Шумското стопанство Бабуна, а гасат и сопствениците на лозја и викендички.

Во околината на Велес гори уште на две места, кај село Каласлари и во месноста Пешти, кај реката Бабуна на неколку километри од градот.
XS
SM
MD
LG