Достапни линкови

Обама треба да ја прифати номинацијата за втор мандат


Барак Обама вечерва треба да се обрати на конвенцијата на Демократската партија и официјално да ја прифати номинацијата за втор мандат како претседател на САД. Со говорот на Обама ќе заврши тридневната конвенција во Шарлот, Северна Каролина. Обама се очекува да ја претстави својата визија за иднината на Америка. Обама треба и да објасни зошто тој е подобар избор од неговиот противкандидат од Републиканската партија Мит Ромни.
XS
SM
MD
LG