Достапни линкови

СДСМ повика да прекине трошењето на буџетски средства за непродуктивни цели


Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

СДСМ денеска обвини дека во време на економска криза се трошат големи буџетски средства за непродуктивни цели. Заменик координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски пред споменикот на паднатите херои во „Жена борец“ изјави дека за споменикот се потрошени 2,3 милиони евра.

„Во време на незапаметена економска криза, сиромаштија и мизерија, Владата и покрај секојдневните апели дека со нејзиното луксузирање дополнително ја влошува економската ситуација, не се откажува од трошењето на огромни буџетски средства во непродуктивни цели“, рече Спасовски.

Тој повика ВМРО-ДПМНЕ да прекине со трошењето на буџетските пари за споменици и средствата да ги намени за санирање на последиците од економско социјалната криза.
XS
SM
MD
LG