Достапни линкови

Клинички центар на генерален штрајк


Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници.
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници.

Лекарите од клиничкиот центар во Скопје на 24 септември почнуваат генерален штрајк. Министерот за здравство Никола Тодоров вели дека дека „одредени структури“ се обидуваат да ги минираат преговорите со Синдикатот и оти е разочаран што на вчерашниот состанок со синдикалците не дошле до решение.

Лекарите од клиничкиот центар во Скопје на 24 септември почнуваат генерален штрајк, соопшти денеска Независниот синдикат на Клиничкиот центар. Штрајкот, според претседателот на синдикатот, доктор Дејан Ставриќ, го поддржуваат 90 отсто од лекарите на клинички центар. На штрајкувачите од скопските клиники, вели Ставриќ, веројатно ќе им се придружат и лекарите од Клиничката болница во Битола и дека има слична најава и од лекарите во другите болници во земјата.
Се случи во пракса овој месец да бидат наградени лекари кои не исполниле толку за што се наградени, а да бидат казнети лекари кои два до три пати ја натфрлиле нормата. Дали по основа на невнесување на податоци, дали по основа на неуважување на податоците или манипулирање со истите во Министерството, имаме многу искривена слика, многу искривена исплата. Тоа ќе биде предмет и на кривични тужби, затоа што многу луѓе се чувствуваат дека им е земено од парите што не ги добиле, а ги заслужиле.
Дејан Ставриќ, Независен синдикат на Клинички центар.

Од утре па до почетокот на штрајкот трае законски предвидениот период на помирување. Министерството за здравство може да го спречи штрајкот ако во меѓувреме ги исполни барањата на лекарите.

Прво и главно барање на Независниот синдикат на Клиничкиот центар е зголемување на платите на лекарите, односно нивно изедначување со професии кои имаат подеднакво одговорна јавна функција. Сепак, тие не кажаа колкаво покачување бараат и со кои професии бараат изедначување. Второ барање им е укинување на проектот за плаќање по учинок. Нагласуваат дека не се противат на плаќање по учинок, туку дека не е добар конкретниот проект што се спроведува. И третото барање е, обраќањето на претставници на Министерството и на Фондот за здравство кон докторите да биде со соодветен речник и почит за лекарската професија.

Претседателот на Синдикатот, Дејан Ставриќ рече дека штрајкот има поддршка од сите лекари без разлика на нивната политичка или партиска определба. Според него, постоечкиот проект за плаќање по учинок е проект за манипулација.
Лекари
Лекари

„Се случи во пракса овој месец да бидат наградени лекари кои не исполниле толку за што се наградени, а да бидат казнети лекари кои два до три пати ја натфрлиле нормата. Дали по основа на невнесување на податоци, дали по основа на неуважување на податоците или манипулирање со истите во Министерството, имаме многу искривена слика, многу искривена исплата. Тоа ќе биде предмет и на кривични тужби, затоа што многу луѓе се чувствуваат дека им е земено од парите што не ги добиле, а ги заслужиле. “

Во текот на вчерашниот состанок, на масата до мене седеа лекари кои имаа искрена и чесна намера да се дојде до решение. И да не беше таа одлука на некои структури да излезат пред време со информација дека е донесена одлука за штрајк, јас бев убеден дека и во текот на вчерашниот ден ќе дојдевме до взаемно прифатливо решение.
Министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој најавува дека штрајкот ќе трае до исполнување на нивните барања. Го прашавме дали се подготвени да штрајкуваат со месеци, ако не им се исполнат барањата.

„Владата има законски рок за исплата на платите во рок од два дена од траење на штрајкот, понатаму нема обврска. Меѓутоа, верувајте, на лекарите им е преку глава од оваа ситуација и од оваа изживување со нив, така што верувам дека ќе издржат долго до исполнувањето на барањата.“

Министерот за здравство Никола Тодоров вели дека „одредени структури“ се обидуваат да ги минираат преговорите со Синдикатот и оти е разочаран што на вчерашниот состанок со синдикалците не дошле до решение.

„Во текот на вчерашниот состанок, на масата до мене седеа лекари кои имаа искрена и чесна намера да се дојде до решение. И да не беше таа одлука на некои структури да излезат пред време со информација дека е донесена одлука за штрајк, јас бев убеден дека и во текот на вчерашниот ден ќе дојдевме до взаемно прифатливо решение.“

За време на генерален штрајк, ќе се примаат само итните случаи. Во синдикатот уверуваат дека ничиј живот или здравје нема да биде ставен под прашалник поради штрајкот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG