Достапни линкови

logo-print

Во Собранието продолжи расправата за законот за бранителите


Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ја продолжија расправата по законот з абранители.
Демократската унија за интеграција ги оствари најавите дека ќе ги искористи сите расположиви административни, технички и деловнички предложениот закон да не се донесе.
Денеска пратеникот на ДУИ Талат Џафери ја продолжи дискусијата која ја почна вчера. Тој дискутираше неколку часа и вчера и денеска, притоа читајќи делови од Уставот, Деловникот...Оттаму најавија дека ќе имаат долги и повеќекратни дискуси по предлог законот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Веле Ѓорѓиевски рече дека е сигурен оти законот ќе се донесе.

Поддршка за законот даде и опозицискиот СДСМ, додека партиите на Албанците во Парламентот беа против, со образложение дека тој е антиалбански, дискриминаторски, како и дека е штетен за мултиетничкиот живот и евроатлантската иднина на Македонија.
XS
SM
MD
LG